fbpx

Активистите бараат Владата јавно да ја објави одлуката за гасоводот да поминува низ Водно

-

По повод вчерашната изјава на директорот на МЕР, Бајрам Реџепи во која се вели дека Владата одлучила гасоводната делница Скопје – Тетово – Гостивар да продолжи да се гради по истата траса низ парк шума Водно, со неколку измени и мерки, активистите за заштита на Водно очекуваат јавен одговор од Владата со објавување на нејзината одлука гасоводот да помине низ парк шума Водно, донесена на владина седница.

„Последниот официјален став на Владата познат на јавноста е од 27 март каде го задолжи Министерството за транспорт и врски, Градот Скопје и МЕР да најдат заедничко прифатливо решение во однос на изградбата на магистрален гасовод Делница 5 Скопје – Тетово – Гостивар кај потегот на Водно“, велат иницијаторите за заштита на Водно.

Директорот на Македонски енергетски ресурси (МЕР) Бајрам Реџепи во интервју за МИА рече дека Владата одлучила неколкукратно да ја компензира исечената шума со пошумување на овој предел и да се врати во првобитна состојба за неколку месеци.

Граѓанските активисти и вицепремиерот Кочо Анѓушев го поминаа делот на Водно за да го уверат каква шума и природа ќе се уништи и на таа средба, од МЕР ја соопштија новата траса.

Но, ставот на активистите е дека гасовод низ Водно не треба да поминува бидејќи парк-шумата Водно има заштитен статус кој Собранието на град Скопје го има донесено во 1976, а е потврдено во 1991.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...