fbpx
Таг: тероризам

таг: тероризам

Свилановиќ: Повеќе од 70 лица во Западен Балкан се осудени за тероризам

Од 2016 година до денес судовите во регионот на Западен Балкан осудија и затворија повеќе од 70 лица за тероризам и за учество во странски боишта, со вкупни пресуди од над 380 години – изјави денеска во Тирана генералниот секретар на Регионалниот совет засоработка (РСС), Горан Свилановиќ. Зборувајќи на работен состанок на претставници на полициски и правосудни органи од земјите...

Османи предупреди за ризици ако не почнат преговори за зачленување со ЕУ

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешниот традиционален појадок што го организираше во Клубот на пратеници во Скопје, предупреди на ризици од раслојување и екстремизам во Македонија, ако наскоро не почнат преговори со ЕУ за зачленување. - Губењето на надежта за ЕУ и НАТО членство ќе придонесе младите луѓе и натаму да продолжат да ја напуштаат земјата намалувајќи ја...

ВМРО-ДПМНЕ: Правдата ќе има кога судот ќе ги ослободи сите притворени за 27 април

Правдата ќе биде задоволена само тогаш кога судот ќе ги ослободи и останатите неосновано притворени патриоти кои без никакви аргументи веќе трет месец се држат во затвор, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. „Правната држава ќе почне да функционира само тогаш кога ќе бидат укинати и домашните притвори и кога ќе бидат отфрлени неоснованите обвиненија за тероризам. Судот мора да биде на...

Папата и Ердоган сметаат дека не треба да се менува статусот на Ерусалим

Тероризмот не може да се доведува во врска со религиите, а борбата против ксенофобијата и исламофобијата треба да продолжи со заеднички сили, оцениле папата Франциск и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на нивната денешна средба во Ватикан, јави турската новинска агенција „Анадолија“. Неименуван извор од канцеларијата на Ердоган за агенцијата изјавил дека папата и турскиот претседател разговарале за повеќе важни...

Ќе зајакне соработката помеѓу Македонија и Албанија во борбата против тероризмот

Министрите за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски и на Албанија, Фатмир Џафај денеска во Охрид потпишаа протокол за соработка во областа на тероризмот, информираа од МВР. „Целта на протоколот е зајакнување на полициската соработка во борбата против тероризмот и финансирањето тероризам, првенствено преку размена на информации за поединци и групи вклучени во вакви активности, како и спроведување на заеднички...

Турскиот суд го ослободи од притвор активистот на „Амнести интернешенл“

Турскиот суд нареди да биде ослободен од притвор претседателот на турскиот огранок на меѓународната организација за заштита на човековите права „Амнести интернешенл“, Танер Килич, јавуваат светските агенции. Ова денеска го соопшти адвокатот на Килич, Мурат Динчер, додавајќи дека судењето на активистот продолжува. Килич беше во затвор од јуни, минатата година, кога беше уапсен во Измир под обвинение за тероризам. Обвинителството...

Макрон: ЕУ мора да спроведе реформи за да се натпреварува со САД и Кина

Европската Унија мора годинава да спроведе реформи за да може да се натпреварува со светските сили како што се Кина и САД, изјави францускиот претседател Емануел Макрон за време на говорот на Светскиот економски форум во Давос. Тој додаде дека на амбициозните земји, ЕУ мора да им овозможи напредок кон европската интеграција, дури и ако другите земји не сакаат да...

Тероризмот повеќе не е во безбедносниот фокус на САД, туку Русија и Кина

Министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис денеска изјави дека натпреварот помеѓу големите сили, а не тероризмот, е сега во фокусот на американската одбранбена стратегија, пренесува „Би-би-си“. Зборувајќи во Вашингтон, Матис рече дека САД се соочуваат со „растечки закани од ревизионистичките сили, како што се Кина и Русија“, кои сакаат да „создадат свет во склад со нивните авторитарни модели“. - Ќе...

ВМРО-ДПМНЕ: Притворените се лишени од основните права, целиот процес е конструкција

Апсурдноста на делото „тероризам“ кои им се става на товар на десетици македонски патриоти во врска со настаните од 27 април е вон секоја правна логика. Целиот процес е конструкција и не и служи на правдата, туку на политиката, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Судот како орган кој ја донесува одлуката, не смее да остане нем на прекршувањата во постапката кои ги...

Иванов: Мора да има одговорност за 27 април, но и да се почитуваат човековите права

Претседателот Ѓорге Иванов во вечерашното обраќање порача дека мора да има одговорност за насилните настани од 27 април годинава, но дека при тоа мора да се почитуваат човековите права и презумцијата на невиност. Иванов повтори дека како и претходно, и сега ја поддржува иницијативата „За заедничка Македонија“, која, како што рече, е „сочинета од граѓани кои се сплотиле зад идејата...

Притворот на Југ продолжен за нови 30 дена, ОЈО го гони и за тероризам

Кривичниот суд во Скопје му го продолжи притворот за нови 30 дена на Игор Југ, осомничен за насилствата во Собранието од 27 април оваа година, пренесуваат медиумите. Основното јавно обвинителство во меѓувреме ја проширило истрагата за Југ, кој сега освен за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје, се товари и дека бил водач на толпата која упадна во законодавниот...

Строги мерки за безбедност во Њујорк за Денот на благодарноста

Во текот на денешниот ден, кога во САД се прославува Денот на благодарноста, во Њујорк ќе се спроведуваат строги мерки за безбедност, бидејќи терористичката групација Исламска држава пред извесно време овој ден го посочи како „одлична мета“ за напад. Безбедносните служби најмногу ќе бидат сконцентрирани на парадата, што традиционално се одржува секоја година. Денот на благодарноста се одбележува во четвртиот четврток...

Трамп: Северна Кореја ќе биде на листата на земји што го поддржуваат тероризмот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти дека САД ќе ја стават Северна Кореја на листата на земји што го поддржуваат тероризмот. Трамп рече дека на Северна Кореја ќе ѝ бидат наметнати уште санкции, тврдејќи дека Пјонгјанг одамна требал да се најде на листата и дека ова е дел од кампањата за „максимален притисок“ кон таа држава. Моментално на оваа листа се наоѓаат...

Најави за масовен протест пред Кривичен суд поради пресудите за „Диво Насеље“

Медиумите на албански јазик најавуваат дека утре пред Основниот суд Скопје 1 (Кривичен суд), ќе се случат протести на коишто ќе биде изразено незадоволство од пресудата изречена во случајот „Диво Насеље“. „Некои невладини организации и граѓански иницијативи организираат протест против казните со кои судот во Скопје ги осуди осудените лица во случајот „Диво Насеље“ во Куманово. Протестите ќе почнат во недела,...

Во Швајцарија уапсени двајца Тунижани за поврзаност со тероризам

Полицијата во јужниот дел на Швајцарија уапсила двајца баратели на азил од Тунис, под сомневање дека се поврзани со странски екстремисти. Како што се наведува во соопштението на швајцарската сојузна полиција, апсењето на Тунижаните било извршено пред два дена во гратче во близина на Италија. Тие се уапсени поради потенцијална опасност по безбедноста и се поврзани со терористички активности во...

Рочиштето за „Сопот“ повторно одложено, следното закажано на 18 октомври

Денешното рочиште од судењето за случајот „Сопот“ беше одложено, а следното судот го закажа за 18 октомври. Денешното рочиште беше одложено на барање на одбраната на десеттемина обвинети поради промена на судиите во кривичниот совет и поради тоа што обвинението за случајот сега го застапува Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Обвинителот на СЈО, Бурим Рустеми, се согласи со барањата на одбраната, но...

Пронајдена уште една бомба во Лондон

Лондонските медиуми јавуваат дека полицијата добила дојава за втора бомба и побрзала да ја обезбеди локацијата. Весникот „Дејли телеграф“ објави снимка на која се гледаат полицајци како се подредуваат во кордон за да можат да им овозможат на специјалните единици да ја претресат локацијата. На метро-станица во Лондон утринава се случи експлозија, во која неколку лица добија изгореници, а според најновите информации...

Спречен терористички напад во Москва планиран за утре

Двајца мажи се уапсени под сомневање дека планирале терористички напад во Москва на 1 септември, соопшти руската Федерална служба за безбедност. ФСБ соопшти дека станува збора за припадници на Исламска држава, од кои еден планирал да се разнесе со бомба на прометно место во Москва. „Многу силна импровизирана експлозивна направа, како и делови за нејзино правење се пронајдени во стан во кој...

Албанија ги зголеми безбедносните мерки

Во Албанија е зголемено нивото на безбедност по терористичките закани и напади во Европа, соопшти албанската полиција. Полицијата најави зголемено присуство во градовите и зголемени безбедносни мерки на настаните на кои се собираат голем број луѓе, во трговски центри, дипломатски претставништва... Зајакната е и безбедноста во пограничните области и на граничните премини. Во соопштението се додава дека надлежните за борба против...

Владата го осуди нападот во Барселона и сочувствува со семејствата на жртвите

Владата на Република Македонија го осуди терористичкиот напад во Барселона и изрази жалење до семејствата на жртвите како и до државите од кои доаѓаат, информираат од влада. Од владата се надеваат дека, граѓаните на Барселона и туриститите веќе се безбедни. „Длабоко и искрено сочувствувам со семејствата на жртвите од синоќешниот терористички напад во Барселона. Нашата порака до Шпанија и цела Европа...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...