fbpx

Ќе зајакне соработката помеѓу Македонија и Албанија во борбата против тероризмот

-

Министрите за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски и на Албанија, Фатмир Џафај денеска во Охрид потпишаа протокол за соработка во областа на тероризмот, информираа од МВР.

„Целта на протоколот е зајакнување на полициската соработка во борбата против тероризмот и финансирањето тероризам, првенствено преку размена на информации за поединци и групи вклучени во вакви активности, како и спроведување на заеднички операции во спроведување на истите“, се вели во соопштението на МВР.

Министерот Спасовски истакнал дека „особено е важно што се потпишал овој протокол, бидејќи тероризмот е глобална закана која што бара да има соработка помеѓу државите и размена на информации“.

„Исто така разговаравме како да ја зајакнеме соработката во борбата против трговијата со дрога, оружје и луѓе. Разговаравме и околу иницијативата, која што ја покрена министерот за внатрешни работи на Албанија, за формирање на регионален центар за полициска соработка за земјите од Западниот Балкан, што со задоволство ја прифаќаме. Се договоривме и да подготвиме заеднички проекти за прекугранична соработка со кои што ќе аплицираме за средства од Европската унија“, рече Спасовски.

Министерот Џафај рекол дека односот помеѓу двете министерства може да служи како модел во регионот и ја очекува посетата од министерот Спасовски во Тирана или Поградец.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бројни награди за учениците од „Илија Николовски Луј“ на Меѓународниот фестивал „Полихимниа“

Денеска заврши Меѓународниот фестивал „Полихимниа“, кој деветти пат по ред годинава се одржа во Скопје. Млади музичари, студенти и професионалци од Македонија, секој со својот инструмент и во соодветна...