Во текот на денешниот ден, кога во САД се прославува Денот на благодарноста, во Њујорк ќе се спроведуваат строги мерки за безбедност, бидејќи терористичката групација Исламска држава пред извесно време овој ден го посочи како „одлична мета“ за напад.

Безбедносните служби најмногу ќе бидат сконцентрирани на парадата, што традиционално се одржува секоја година.

Денот на благодарноста се одбележува во четвртиот четврток на ноември, како потсетување на благодарноста кон Бог на првите доселеници во САД за жетвите.