fbpx
Таг: терористички напад

таг: терористички напад

МНР: Нема информации за настрадани македонски државјани во нападот во Барселона

Министерството за надворешни работи соопшти дека засега нема информации за настрадани македонски државјани во терористичкиот напад во Барселона. Од МНР велат дека поради сериозноста на ситуацијата, во моментов е отежната комуникацијата со релеватните институции, но, додаваат, дека македонската амбасада во Шпанија прави напори да добива редовни и прецизни информации за настанот и за евентуално настрадани македонски граѓани. За информации...

Расте бројот на загинати и на повредени во терористичкиот напад во Барселона

Шпанските власти соопштија дека расте бројот на жртвите во терористичкиот напад во Барселона што се случи попладнево на улица во близина на плоштадот „Каталуња“. Според последните информации во нападот загинале најмалку 13 лица, а 50 се повредени. Нападот се случи кога комби влетало во група пешаци на улицата Ла Рамбла, прегазувајќи дел од нив, а потоа продолжило да се...

Најмалку еден загинат и 32 повредени во терористичкиот напад во Барселона

Најмалку едно лице загинало, а 32 се повредени, од кои 10 сериозно откако комби удри во група пешаци на улица во близина на плоштадот „Каталуња“ во центарот на Барселона, јавуваат светските медиуми. Шпанската полиција потврдила дека инцидентот го третира како терористички напад. Властите апелирале граѓаните да го избегнуваат тој дел од градот и да не ги напуштаат своите домови,...

Најмалку 18 убиени во напад на ресторан во Буркина Фасо

Најмалку 18 луѓе се убиени, а осум ранети во терористички напад во ресторан во Буркина Фасо, кога вооружени лица синоќа отвориле оган кон гостите кои седеле пред објектот, во главниот град на земјата, Уагадугу, јавува „Би-би-си“, повикувајќи се на владини извори. „Ова е терористички напад“, изјавил министерот за комуникации на Буркина Фасо, Реми Данџини на прес-конференција, додавајќи дека бројот на...

Во Мали убиени двајца членови на делегација на ЕУ, потврди Могерини

Високата претставничка за надворешна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, потврди дека двајца членови на делегација на ЕУ се убиени во терористички напад во луксузно летувалиште во Мали. - Едната жртва е наш колега од Португалија, кој беше дел од воената мисија на ЕУ во Бамако, а исто така убиена е и членка на делегацијата на ЕУ од Мали –...

Уапсени 12 лица под сомневање за поврзаност со терористичкиот напад во Лондон

Бритаската полиција уапсила 12 лица поради сомнежи за повразност со синоќешниот терористички напад во кој загинаа седум лица, а 48 се повредени, пренесува „Би-би-си“. Апсењата биле извршени во предградието Баркинг, во источен Лондон, а уследиле по претресот на стан, сопственост на еден од тројцата напаѓачи. Терористичкиот напад се случи синоќа, околу 22 часот, кога бело комби прегази пешаци на Лондонскиот мост,...

Иванов упати сочувство до кралицата Елизабета Втора и го осуди нападот во Лондон

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска упати сочувство до британската кралица Елизабета Втора по повод терористичкиот напад во Лондон, во кој загинаа седум лица, а 48 беа повредени. „Со шок и со огорченост ја примив веста за терористичкиот напад во Лондон, во кој животот го загубија голем број невини лица и каде има голем број повредени. Во овие мигови на...

Заев до Меј: Македонија решително стои до Британија против насилството и тероризмот

Премиерот на Македонија, Зоран Заев, денеска испрати телеграма со сочувство дo премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, по синоќешниот терористички напад во Лондон, во кој животите ги загубија седум лица, а 48 се повредени. „Во име на граѓаните на Република Македонија, на Владата на Република Македонија и во мое лично име изразувам длабоко сочувство до семејствата на загинатите во ужасниот...

МНР: Нема загинати или повредени македонски државјани во нападот во Лондон

Во терористичкиот напад што синоќа се случи во Лондон, според досегашните информации, меѓу жртвите и повредените нема македонски државјани, соопшти македонското Министерство за надворешни работи. „Министерството за надворешни работи на Република Македонија силно го осудува синоќешниот терористички напад во Лондон, во кој, според досегашните информации, животот го загубија 7 лица, а 48 се повредени. Министерството за надворешни работи е во...

Меј најави ревизија на британската стратегија за борба против тероризмот

Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, осудувајќи го терористичкиот напад во кој загинаа седум лица, а 48 беа повредени, рече дека „е време да се каже доста е“, пренесува „Би-би-си“. Меј, како што наведува британскиот национален сервис, најавила ревизија на стратегијата на земјата за борба против тероризмот. Терористичкиот напад се случи синоќа, околу 22 часот, кога бело комби прегази пешаци на...

Египет како одговор на масакрот бомбардираше кампови на терористите

Египетски борбени авиони ги нападнаа камповите на терористите по масакрот на коптски христијани во Египет, соопшти претседателот Абдел Фатах Сиси. Нападите се извршени во источниот дел на Либија. Претседателот на Египет вети дека ќе продолжи да ги напаѓа базите користени за обука на милитанти што вршат терористички напади во неговата земја, без оглед на чија територија се наоѓаат. Сиси нагласи дека...

Куршумите на терористот не можат да ја убијат предноста на соперникот на Ле Пен

По синоќешниот напад на булеварот Шанзелизе, срцето на Париз, кој, веројатно е терористички напад, куршумите на терористот освен што убија еден полицаец и ранија двајца, можеби и ќе „ја убијат“ предноста на поранешниот министер за економија, Емануел Макрон, кој е на првата позиција на ранг-листите пред десничарката Марин ле Пен, која е втора, шпекулираат некои од светските медиуми. Нападот во...

Повеќе од 500 лица испитани во полиција за нападот во Стокхолм

Шведското јавно обвинителство соопшти дека има уште еден притворен за терористичкиот напад во петокот во центарот на Стокхолм, во кој загинаа четири лица, а 15 беа повредени. Досега повеќе од 500 луѓе се испитани во врска со нападите. Осомничениот во меѓувреме доби и службен бранител. Сите жртви на нападот се идентификувани. Двајца се Швеѓани, еден е Британец, а еден Белгиец. Полицијата соопшти дека во...

Терористот од Стокхолм бил на нишан на властите во 2015 година

Шведска можела уште пред една или две години да ја избегне вчерашната трагедија, кога терорист со украден камион влета во стоковна куќа во центарот на Стокхолм и уби четири лица, а повреди уште 15. На денешната прес-конференција на шведската полиција беше кажано дека уапсениот за нападот, 39-годишниот Узбекистанец, двапати го предизвикал вниманието на безбедносните сили. Во 2015 година тој и група...

Уапсениот вчера во Стокхолм е најверојатно терористот

Човекот што вчера беше уапсен во Стокхолм, според портпарол на полицијата во Стокхолм, е најверојатно возачот на камионот кој влета во толпа луѓе и уби 4 лица.  Тој бил уапсен вчера, откако полицијата објави негова снимка од безбедносните камери. - Се сомневаме дека уапсениот е извршител на терористичкиот напад. Можеби има и други луѓе поврзани со него, но тоа во...

Еден уапсен за терористичкиот напад во Стокхолм

Еден маж кој признал одговорност за нападот во Стокхолм е уапсен во северен Стокхолм, јави локален шведски весник. Полицијата го потврди тоа, но кажа дека уште не е утврдено дали е тоа сторителот. Инаку, според официјалните информации бројката на загинати е четворица, 15 луѓе се повредени, од кои девет се со тешки повреди. Во секој момент се очекува да проработи и...

Во Стокхолм се трага по напаѓачот кој влета со камион во стоковна куќа

Полицијата уште трага по возачот на украдениот камион за пиво кој денеска влета во стоковна куќа во центарот на Стокхолм и уби тројца. Откако шведскиот премиер Стефан Лотфен нападот го оквалификува како „најверојатно терористички напад“, центарот на Стокхолм беше затворен. Шведската полиција попладнево рече дека возачот очигледно избегал по нападот, иако претходно премиерот Лотфен рече дека тој бил уапсен. Полицијата...

Центарот на Стокхолм затворен за сообраќај, евакуирани владините објекти

Три лица загинаа, а повеќе се повредени откако камион влета во пешачка улица во Стокхолм, пред да удри во продавница, потврди полицијата. Шведскиот премиер Штефан Лофвен изјави дека сите детали од инцидентот посочуваат дека станува збор за терористички напад. Иако премиерот соопшти дека осомничениот е приведен, полицијата вели дека засега не може да потврди дека некој е уапсен. Шведската полиција издаде предупредување...

Руски државјанин роден во Киргистан осомничен за нападот во Санкт Петербург

Руски државјанин, роден во Киргистан е осомничен за бомбашкиот напад во воз, во метрото во Санкт Петербург во кој, вчера загинаа 14 лица, а 49 беа повредени, јавуваат руските агенции, повикувајќи се на службите за безбедност во земјата. Киргистанските безбедносни служби, како што пренесува „Би-би-си“, го идентификувале напаѓачот како Акбарзон Јалилов, кој, според информациите, бил роден во градот Ош во...

Лондон: Уапсени осум лица кои подготвувале терористички напад

Британската полиција привела осум лица по вчерашниот напад во Лондон, под сомнение дека подготвувале терористички напад, јавуваат британските медиуми. Како што соопшти лондонската полиција, седум луѓе се уапсени во Бирминген, а еден во Лондон. Во меѓувреме, продолжуваат полициските операции во Брајтон, во источен Лондон, во Кармартаншар и во Велс. Извршени се претреси во неколку домови. Во вчерашниот напад во Лондон загинаа пет...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...