Високата претставничка за надворешна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, потврди дека двајца членови на делегација на ЕУ се убиени во терористички напад во луксузно летувалиште во Мали.
– Едната жртва е наш колега од Португалија, кој беше дел од воената мисија на ЕУ во Бамако, а исто така убиена е и членка на делегацијата на ЕУ од Мали – изјави Могерини на конференција за новинари одржана по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ и на Луксембург.
Нападот се случи во неделата во туристичкото одморалиште во Мали, кое е популарно помеѓу туристите од Западот.
Според последните информации, во нападот се убиени најмалку четири лица, а една личност се води како исчезната.
Безбедносните сили успеале да спасат 36 заложници, меѓу кои биле и 13 француски државјани.