fbpx

Терористот од Стокхолм бил на нишан на властите во 2015 година

-

Шведска можела уште пред една или две години да ја избегне вчерашната трагедија, кога терорист со украден камион влета во стоковна куќа во центарот на Стокхолм и уби четири лица, а повреди уште 15. На денешната прес-конференција на шведската полиција беше кажано дека уапсениот за нападот, 39-годишниот Узбекистанец, двапати го предизвикал вниманието на безбедносните сили.

Во 2015 година тој и група негови сонародници биле следени од финансиската полиција поради измами со фалсификати фактури и исплатници по добиена информација дека парите доаѓаат од Исламска држава. Но, иследниците не успеале да откријат врска помеѓу Узбекистанците и терористичката организација. Така, имало судење за обична финансиска измама, по што пресуди имало за тројца од петтемина, а другите двајца биле ослободени. Тие живееле на иста адреса со напаѓачот.

Минатата година полицијата добила дојава дека треба да се испита 39-годишниот Узбекистанец, но ни тогаш не била докажана врска помеѓу него и Исламска држава.

– Но, во оваа фаза, доказите против него стануваат уште посилни. Не исклучуваме дека има вклучени повеќе луѓе. Не можеме да кажеме колку луѓе сакал да убие, но со сигурност имал злобни намери – рече Дан Елиасон, шефот на националната полиција на Шведска.

Тој кажа дека во камионот имало експлозивна направа.

Узбекистанецот во меѓувреме доби и адвокат. Според медиумите, станува збор за еден од најпознатите бранители по службена должност во Шведска, Јохан Ериксон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...