fbpx
Таг: судење

таг: судење

Судењето за случајот со невладината „Меѓународен сојуз“ на Боки 13 се одложи за 21 јули

Денеска требаше да почне, но за 21 јули се одложи стартот на судењето за случајот со невладината организација „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски (Боки 13) во која се обвинети Јовановски, неговиот татко Миле Јовановски, Јасна Мандиќ и Фросина Ременски и Христина Блажеска, за делата „перење на пари“ и „измама“. Одложувањето следуваше по соопштувањето на барањето на Фросина Ременски за изземање на...

Момчињата од Штип кои претепаа девојка добија казна затвор од 2,5 години

Двајцата штипјани, кои целата јавност преку видео снимка ги виде како навредуваат и претепуваат девојка, денеска во Основниот суд во Штип беа осудени на казна затвор од по 2,5 години. Тие се осудени за делото „Насилство“, откако во јануари годинава, во влезот на станбена зграда претепаа 21- годишна девојка од Штип. П.Р.(23) и С.А.(26) денеска не беа на изрекување на...

„Беше недоразбирање“ – двајцата штипјани ја признаа вината за тепањето на девојката

Со признание на вина и каење, во еден ден почна и заврши судењето на двајцата штипјани, кои во текот на јануари претепаа девојка во влезот на станбена зграда во Штип и тоа го снимија на мобилен телефон. Снимката ја згрози јавноста, која изрази силна осуда за делото. Според сведочењето на обвинетите за насилство, П.Р.(23) и С.А. (26), и двајцата од...

Одложено судењето на двајцата насилници кои претепаа девојка во Штип

Во Основниот суд во Штип денеска не започна судењето на двајцата млади штипјани, кои македонската јавност ги виде во неодамна објавената видео-снимка, како тепаат девојка во влез во зграда. Судењето е одложено за вторник, 28 април, по барање на адвокатот Валентин Зафиров од Велес, кој не успеал да оствари контакт со неговите клиенти, туку го добил обвинителниот акти. П.Р.(23) и...

Затворски казни до две и пол години за професори од Економски факултет Скопје

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска беа изречени пресудите за четиримина професори и еден демонстратор од Економскиот факултет при УКИМ, кои беа обвинети за примање мито од студентите за преодни оценки во судскиот процес „Еразмус“. Професорите Славе Ристевски и Драге Јанев добија по две и пол години затвор, нивниот колега Бобек Шуклев доби две години затвор, демонстраторот Драган Денковски доби...

Одложени судските рочишта за „ТНТ“ и „Рекет“

Денешното судско рочиште за предметот „ТНТ“ се одложи поради лошата здравствена состојба на обвинетиот Тони Трајковски. Следното рочиште за рушењето на комплексот „Космос“ ќе се одржи на 6 февруари. На денешното судење не се појави поранешниот градоначалник на скопската општина Гази Баба, а неговиот адвокат Јовица Страшевски информираше дека здравствената состојба на Тони Трајковски е сериозна, но минлива. Одложување на...

Јанева и Јовановски не чувствуваат вина, Милески го призна делото

На денешното прво судско рочиште за случајот „Рекет“, поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева рече дека не чувствува никаква вина. „Ни трошка не се чувствувам виновна“, рече Јанева, за злоупотреба на службената положба и овластувањата. Обвинителката Вилма Русковска пред почетокот на судењето ѝ посочи на Јанева дека „се посрамотила себе си, и ја изиграла довербата на целиот народ“. „Ќе изнесеме цврсти докази...

Сопственикот на „Дурмо турс“ пуштен да се брани од слобода за Ласкарци

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, кој е обвинет во судскиот случај што се води за несреќата кај Ласкарци, е пуштен да се брани од слобода со гаранција. Тој бил пуштен од притвор уште минатата недела, но за неговото ослободување се дозна на почетокот на денешното судско рочиште за несреќата во која загинаа 16 лица, а десетици беа повредени. На...

Катица Јанева ќе оди во домашен притвор пред почетокот на судењето за „Рекет“

Апелациониот суд Скопје го прифатил барањето на поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева за затворскиот притвор во Шутка да ѝ биде заменет со домашен притвор, јавува телевизија „Телма“. Ваквата одлука доаѓа на само неколку дена пред 3 декември, за кога е закажан почетокот на судењето во Основниот кривичен суд - Скопје на Катица Јанева, Бојан Јовановски и Зоран Милевски -...

Груевски се спаси за „Траекторија“ – предметот застарел (хронологија + „бомба 14“)

Поради апсолутна застареност на основата за кривично гонење на поранешниот премиер Никола Груевски во случајот „Траекторија“, тој нема да одговара за малверзации во врска со автопатите Кичево - Охрид и Миладиновци - Штип, констатираше судијата. Сите судски трошоци поврзани за оваа постапка против Груевски ќе бидат платени од државниот буџет. Адвокатот назначен по службена должност да го брани Груевски, Горан Кркински,...

Судењето за „Рекет“ против Боки 13, Катица Јанева и Кичеец почнува на 3 декември

Основниот кривичен суд - Скопје соопшти дека судењето против Бојан Јовановски -Боки 13, поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и бизнисменот Зоран Милевски - Кичеец, кои се обвинети за рекетирање, ќе почне на 3 декември. Скопскиот Кривичен суд соопшти дека за случајот „Рекет“ е назначен судечки совет со кој претседава судија Васка Николовска - Масевска.

Судот ги одби приговорите на Боки 13, Катица Јанева и Кичеец, судењето почнува наскоро

Основниот кривичен суд Скопје ги одби сите приговори на Бојан Јовановски - Боки 13, Катица Јанева и Зоран Милевски - Кичеец за обвинителниот акт против нив во случајот „Рекет“ и во целост го прифати обвинението, што значи дека наскоро ќе почне судењето. Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот кривичен суд Скопје на денешната седница ги отфрлила сите приговори...

Во „Триста“ досудени девет години затвор за Ѓоко Поповски

Во завршницата на повтореното судење за случајот „Триста“ на СЈО, поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, повторно доби 9 години затвор. Според пресудата, Поповски направил злоупотреба на службената положба бидејќи спротивно на Законот за јавни набавки го прифатил предлогот на Комисијата во министерството и во периодот од 2008 до 2012 година не ги избрал најповолните понуди на тендерот за набавка...

Семејствата на жртвите од несреќата кај Ласкарци ќе бараат отштета

Семејствата на дел од загинатите и повредените во автобуската несреќа кај Ласкарци на 13 февруари годинава, во која 16 луѓе ги загубија животите, а 37 беа повредени, се изјаснија дека се приклучуваат на кривичниот прогон и на денешното судење рекоа дека ќе бараат отштета. На следното рочиште закажано за 18 октомври ќе продолжи произнесувањето, кога треба да сведочат преживеаните патници. За...

За Верушевски, нарачателот на прислушувањето e Никола Груевски, а не Сашо Мијалков

Зоран Верушевски, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање и актуелен советник за безбедност на премиерот Зоран Заев, одговорајќи на прашањата на обвинителството поврзани со нелегалното прислушување во Управата за безбедност и контраразузнавање, денеска рече дека Никола Груевски треба да биде првообвинет во овој случај. Според Верушевски, Груевски поседувал и поседува голем број бомби и ги користел за да...

Дескоска ќе се сретне со семејствата на жртвите во „Монструм“

Министерката за правда Рената Дескоска ќе се сретне со семејствата на жртвите во случајот „Монструм“ и детално ќе ги информира околу преземените дејствија за екстрадиција на лицата од Косово, соопшти Министерството за правда. Соопштението уследи откако обвинителката Фатиме Фетаи на денешното рочиште за случајот „Монструм" пред судот рече дека ќе мора Министерството за правда да побара детален одговор околу...

На Панчевски ќе му се суди во Велес за злоупотреба на АКМИС

Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, на 21 октомври треба да седне на обвинителна клупа во Велешкиот суд, за злоупотреби со АКМИС системот, односно поради тоа што распределувал судски предмети рачно додека беше претседател на Основниот суд Скопје 1, пишува „Порталб.мк“. „Со одлука на Апелациониот суд во Скопје, Основниот суд Велес е определен за надлежен суд да постапува по...

Случајот „Монструм“ останува кај обвинителите Фетаи и Бубевски

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, за предметот „Монструм“, ги овластил истите обвинители кои и до сега го застапуваa, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски. Судењето за случајот „Монструм“ ќе продолжи утре, а Фетаи и Бубевски бидејќи се вратија во ОЈО Скопје, оттаму ќе го застапуваат случајот. Во Јавно обвинителство продолжуваат постапките за распределба на предметите, при што, како што наведуваат од таму,...

Kумановскиот суд го одби барањето за замена на помошникот-судија во случајот „Алмир“

Кумановскиот суд го одби барањето на одбраната во случајот „Алмир Алиу“ за замена на помошникот-судија во овој случај, бидејќи се сомневаат дека поради неговата етничка припадност, обвинетиот Бобан Илиќ, тој ќе биде пристрасен во текот на судскиот процес, известува „Порталб.мк“. „Ја примив одлуката, нашето барање е одбиено“, изјави за „Порталб.мк“, адвокатот Асмир Алиспахиќ. Одбраната побара да се замени помошникот судија, Љубомир...

Радован Караџиќ осуден на доживотен затвор, жалбата му беше неуспешна

Хашкиот суд за воени злосторства во поранешна Југославија денеска на доживотен затвор го осуди поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, потврдувајќи ја првостепената пресуда. Караџиќ при изрекувањето на пресудата беше мирен, без каква било експресија на лицето. Тој во 2016 година беше осуден на 40 години затвор, како виновен за геноцид, злосторства против човештвото и за кршење на правилата и...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...