fbpx
Таг: судење

таг: судење

„Меѓународен сојуз“ требаше да го обезбеди земјиштето за градба на старечки домови, рекоа Амзоски и Лога на судењето

На денешното судско рочиште за „Меѓународен сојуз“ беа сослушани бизнисмените Адријан Амзоски и Ресул Лога. Амзоски, кој е еден од сопствениците на фирмата „Дрим билдинг“ Струга, рече дека за проектот со старачки домови дознал преку Александар Димитровски, кој му кажал дека постојат три проекти со „Меѓународен сојуз“, по еден во Струга и Охрид и еден во општина Карпош, за кој...

Одбраната на Мијалков во случајот „Трезор“ тврди дека обвинението е неосновано

Во завршните зборови за случајот „Трезор“, одбраната на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков истакна дека обвинението е неосновано и од него не може да произлезе кривична одговорност. Адвокатот Петар Василев ги побиваше наводите дека Мијалков лично бил во Лондон, каде што наводно преговарал со претставници на ГАМА и договарал набавка на опрема од оваа компанија. На...

Камчев побара да биде изземен како сведок за случајот „Меѓународен сојуз“

Бизнисменот Јордан Камчев, кој денеска од притвор беше спроведен во судот за да сведочи во случајот „Меѓународен сојуз“, побара да биде изземен од својство на сведок. Тој пред судот изјави дека неговиот кредибилитет како сведок е нарушен и нема да му биде од корист на Обвинителство. Обвинителката Ивана Трајчевска го отфрли барањето, образолжувајќи дека притворот е одреден за друг предмет. Камчев...

Три доживотни казни изрече судот во случајот „Монструм“, и две казни од по девет и 15 години затвор

Обвинетите Халил Демири и Африм Исмаиловиќ се прогласуваат за виновни дека го сториле кривично дело тероризам од член 394б став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик, и се осудуваат на казна доживотен затвор. Обвинетиот Агим Исмаиловиќ се прогласува за виновен дека го сторил кривично дело тероризам од член 394б став 1 во врска со член 22...

Пендаровски за бегството на Мијалков: Неприфатливи случувања за земја која очекува преговори за членство во ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски во врска со бегството на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков ги повикува сите надлежни институции да ги преземат неопходните мерки со цел да биде спроведено судското решение за негов притвор. „Вакви случувања се неприфатливи за земја која очекува да започне преговори за членство во Европската Унија и која напорно работи на реформирање на правосудниот систем и градење доверба во правната...

„Таргет-Тврдина“: Јанкулоска се брани претставувајќи се како жртва, а не соучесник во прислушувањето

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во завршните зборови на денешното рочиште за случајот „Таргет-Тврдина“ се брани претставувајќи се како жртва, тврдејќи дека не била вмешана во уништувањето на опремата со која од 2008 до 2015 година се вршело незаконско прислушување на десетици илјади граѓани за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Поранешната министерка е обвинета дека помогнала во уништувањето...

Две години по автобуската несреќа кај Ласкарци, судскиот процес сè уште трае

Со положување на цвеќе на местото на несреќата кај селото Ласкарци и Меморијален марш во организација на група граѓани и планинари, денеска се одбележуваат две години од автобуската несреќа во која на 13 февруари 2019 година животот го загубија 16 лица. Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ кој сообраќал на релацијата Скопје-Гостивар излета од автопатот кај селото Ласкарци, предизвикувајќи ја...

Мицкоски: 27 април е чисто политички монтиран случај

Ниту Извршниот комитет ниту било кој член на ВМРО-ДПМНЕ е дел од организацијата на ова самоорганизирање на народот кој што се случуваше во тој период, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по сведочењето за нападите кои се случија во Собранието на 27 април. „Ова е очигледно дека станува збор за сериозен и жестоко монтиран политички процес. Политички процес кој што...

Русковска: Oдбраната не успеа да докаже дека Василевски не бил во седиштето на партијата на „27 април“

Денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за обвинетите за организирање на нападите во Собранието на 27 април. Обвинителката Вилма Русковска смета дека одбраната не успеала да докаже дека Александар Василевски Нинџа не бил во седиштето на политичката партија. „Ако се погледат листинзите од движењето на Александар Василевски Нинџа, на тој ден, ќе се види дека едниот телефон бил исклучен некаде после...

Заев го посочи Груевски како главен организатор на насилствата во Собранието на сведочењето за 27 април

На денешното сведочење за насилствата во Собранието кои се случија на 27 април 2017 година, како сведок беше повикан и премиерот Зоран Заев. Прашан за случувањата тој ден, Заев истакна дека не мисли дека главни осмислувачи и организатори на настаните се Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељановски и другите присутни. „Според мои сознанија овие луѓе се изманипулирани од главниот организатор Никола Груевски....

Ѓорчев на сведочењето за насилствата од 27 април: Некој сакаше да се случат проблеми

Тој 27 април беше лош ден за Македонија. Кој е тој што доби, а кој изгуби? ВМРО-ДПМНЕ најмногу изгуби, а триесетина луѓе завршија на Голи Оток, рече на денешното сведочење за насилствата во Собранието на 27 април, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев. Според него, настаните на 27 април не биле исклучок туку голем план, бидејќи како што рече „некој сакаше...

Продолжи судењето за случајот „Таргет-Тврдина“, обвинетиот Мијалков се појави на судското рочиште

Во Основниот кривичен суд-Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Таргет-Тврдина“, кој се однесува за незаконското следење на комуникациите од страна на УБК. Обвинетиот поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков наводно се опоравил од ковид-19 и денеска се појавил на судското рочиште. Судењето започна со половина час задоцнување поради доцнење во спроведувањето на обвинетата поранешна министерка за внатрешни работи, Гордана...

Зоран Милески-Кичеец побара одложување на издржувањето казна затвор од три години

Зоран Милески-Кичеец побарал одложување на затворската казна од три години за случајот „Рекет“, информираат од Основниот кривичен суд во Скопје. Од судот во Скопје информираат дека Милески го известил судот дека по приемот на Упатниот акт ја променил адресата на живеење од Скопје во Охрид. Поради ова, за одлучување по поднесеното барање за одложување на затворската казна, како и по...

Јанкулоска со лисици на рацете, од затвор донесена на судското рочиште за „Таргет-Тврдина“

Со лисици на рацете денеска поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, од затворот „Идризово“, каде се наоѓа од пред два дена, беше доведена на судското рочиште за предметот „Таргет-Тврдина“. Таа е веќе осудена на четири години затворска казна во предметот „Тенк“ за злоупотреба на службена положба поради незаконска набавка на владиниот мерцедес во вредност од 600.000 евра. На денешното...

Фетаи побара најстроги казни за Груевски и Јанакиески за насилствата пред Општина Центар

Обвинителката Фатиме Фетаи на денешното судење за насилствата пред Општина Центар, побара казните за пребеганиот поранешен премиер Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Миле Јанакиески како поттикнувачи, да бидат најстроги, за да се одвратат сите други од такви намери во иднина. „Предлагам судот да ги прогласи виновни и да им изрече соодветни казни,...

За повеќе од еден месец, одложено судењето на браќата Усеини

Поради влошена здравствена состојба на осомничениот Ибро Усеини, за повеќе од еден месец е одложен главниот претрес во судскиот процес против браќата Усеини. Советникот од редовите на ДУИ Нефи Усеини и неговиот брат Ибро Усеини, се товарат за сторено дело „насилство“, сторено врз охриѓанецот Спиро Топалоски настан кој се случи кон средината на месец август. СВР Охрид до ОЈО Охрид потоа...

Владимир Панчевски осуден на три и пол години затвор за злоупотреба на АКМИС системот

Поранешниот претседател на Кривичниот суд-Скопје, Владимир Панчевски е осуден на три и пол години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување, поради рачно доделување на предмети кај подобни судии, а не преку АКМИС системот. Судијката Валентина Ѓорѓиевска од Основниот суд во Велес вечерва ја објави пресудата. Обвинителството го товареше Панчевски за распределба на рака на 40-тина предмети кај одредени...

Почна судењето на Панчевски, тој не го разбира обвинението, а адвокатите бараат ослободување од притвор

Денеска во Основниот суд во Велес почна процесот против поранешниот претседател на Кривичниот суд – Скопје, Владимир Панчевски, кој е обвинет за злоупотреби на АКМИС системот, поточно му се суди за кривичното дело ,,Злоупотреба на службената положба и овластувањата“. Неговите адвокати најпрво рекоа дека нема услови за одржување на рочиште и побараа да му се укине притворот, бидејќи Панчевски сè...

Панчевски од денеска се наоѓа во затворот во Шутка

Владимир Панчевски, поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, од денeска напладне се наоѓа во КПУ Затвор Скопје, Шутка. Тоа за МИА го потврдил директорот на затворот, Есад Рахиќ. Според него, Панчевски денеска во 12 часот напладне самиот се пријавил во затворот. При приемот бил прегледан, му била измерена температура и откако се утврдило дека нема никакви симптоми на ковид-19,...

МВР се уште трага по поранешниот претседател на Кривичен суд, Панчевски на кој му е одреден притвор

Министерство за внатрешни работи се уште не го пронашле поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски, кому, Основниот суд Велес му одреди 30 дена притвор поради отсуство на рочиштето за судскиот предмет „АКМИС”, во кој е обвинет. Обвинетиот Пачевски и неговиот правен застапник, не се појавиле на вчерашното рочиште за предметот „АКМИС”, кој се води во Основниот Велес. Основното јавно...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создадени само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...