fbpx

Сопственикот на „Дурмо турс“ пуштен да се брани од слобода за Ласкарци

-

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, кој е обвинет во судскиот случај што се води за несреќата кај Ласкарци, е пуштен да се брани од слобода со гаранција. Тој бил пуштен од притвор уште минатата недела, но за неговото ослободување се дозна на почетокот на денешното судско рочиште за несреќата во која загинаа 16 лица, а десетици беа повредени.

На Белули му се одредени мерки за претпазливост, одзеден му е пасошот, треба да се јавува на суд, а забрането му е и приближување и контакт со оштетените и обвинетите во судењето за автобуската несреќа. Тој има забрана за вршење на работни активности, а не смее да го користи ниту сертификатот од областа на транспортот.

Судскиот процес за несреќата кај Ласкарци ќе продолжи, за кој Обвинителството уште во јули годинава поднесе обвинение против шест лица. Покрај сопственикот на „Дурмо турс“, обвинети се раководителот на возниот парк на гостиварската компанија, тројца вработени во станицата за технички преглед и возачот на автобусот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...