fbpx
Таг: Скопски филмски фестивал

таг: Скопски филмски фестивал

Промоција на книгата „Дух во школка“ од Сунчица Уневска

Новата книга со рецензии од новинарката и филмска критичарка Сунчица Уневска, „Дух во школка“ ќе биде промовирана утре (15 септември) во рамки на Скопскиот филмски фестивал. Промоцијата ќе започне во 19 часот и ќе се одржи во киносалата на Кинотеката на Македонија. Според најавата промоцијата ќе биде интерактивна дискусија во која ќе можат да се вклучат и присутните. Ова е четврта...

На Скопскиот филмски фестивал, денеска работилница за анимиран филм

Во рамките на годинешната програма на Скопскиот филмски фестивал, денеска Берин Тузлиќ, уметник од Сараево, ќе одржи работилница за анимиран филм. Работилницата ќе се одвива во Кинотека на Македонија, со почеток во 12 часот. Берин Тузлиќ е мултимедијален уметник од Сараево, доцент по цртана анимација. Добитник е на многубројни награди од областа на краткиот анимиран арт-филм, изработка на реклами и на стрипови. Јубилејното...

Премиери на нови македонски кратки филмови на Скопскиот филмски фестивал

Во рамките на 20. јубилејно издание на Скопскиот филмски фестивал, утре премиерно ќе бидат прикажани два краткометражни македонски играни филмови: „Ќе дојдат децата“ во режија на Ана Јакимска, со Наташа Петровиќ и со Шенка Колозова во главните улоги, и „Чевли“ во режија на Бранко Костески, со Благој Веселинов, Григор Јовановски, Диме Илиев, Ана Костовска и  со Роберт Ристов во...

На СФФ вечерва ќе зборува продуцентот на Стенли Кјубрик

Во рамки на 20. издание на Скопскиот филмски фестивал (СФФ), вечерва кратко предавање и разговор со публиката ќе одржи Јан Харлан, извршниот продуцент и познавач на делото на легендарниот режисер Стенли Кјубрик. Разговорот ќе се одржи по проекцијата на филмот „Пеколен портокал“ во киното „Милениум“. Јан Харлан, кој е шура на Стенли Кјубрик, бил извршен продуцент на филмовите „Пеколен портокал“,...

Скопски филмски фестивал со 75 филмови за јубилејот

На свеченото отворање на годинашното, јубилејно, 20. издание на Скопскиот филмски фестивал, задутре во киното „Милениум“ ќе биде прикажан филмот „Реквием за госпоѓа Ј“, а присутни ќе бидат актерката Мирјана Карановиќ и режисерот и сценарист Бојан Вулетиќ. Годинашното издание содржи повеќе од 75 филмови, работилници и гостувања на реномирани филмски имиња, а во програмата е и првата македонска ретроспектива на Стенли...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...