fbpx
Таг: незгода

таг: незгода

Папата Франциск се сопна и падна за време на миса

Папата Франциск се сопна и падна на почетокот на голема миса за време на неговата посета во Полска, а агенцијата „Асошиејтед прес“ објави и видеоснимка од незгодата. Другите свештеници му помогнаа на папата да стане, по што тој продолжи да служи на мисата. На папата незгодата му се случи за време на неговата прва посета на Полска, чие население е претежно католичко. Неговата...

Девојка починала по пад од скутер

Рано утринава битолската полиција била известена дека во близина на фудбалското игралиште во селото Долно Српци е забележано починато женско лице. Полиција во непосредна близина на починатото лице пронашла паднат скутер. Од извршениот увид било утврдено дека 17-годишната Дијана починала како последица на сообраќајна несреќа. Малолетничката, најверојатно, паднала од скутерот и од добиените повреди починала на местото на несреќата.

Тешка сообраќајка во Струмица

Тешка сообраќајна незгода се случила утрово на булеварот Климент Охридски во Струмица, при судир на патничко возило и на комби. Патничкото возило е сосема уништено, а лицето што управувало со него поминало со полесни повреди. Со патничкото моторно возило управувал 20-годишник кој бил целосно заглавен на седиштето, па морале да интервенираат и да го вадат од смачканиот автомобил. Сообраќајката се случила околу 5...

Сообраќајна незгода во Тетово, двајца повредени

Автомобил „бе-ем-ве“ со скопски регистерски таблички, во кое се наоѓале Ј.Д. (36) и З.И. (44), двајцата од Скопје, излетал од патот, неколкупати се превртел и завршил во блиската нива, информира СВР Тетово. Од излетувањето и од превртувањето, двајцата добиле сериозни повреди и со возило на Брза помош и со друго возило пренесени се во тетовската клиничка болница, а по укажаната...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...