!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

Излезе од печат разгледница со народни носии на Македонците од Албанија


Тирана, 11 јануари, 2017 - 12:54 (META) 

Излезе од печат разгледница со народни носии на етничките Македонци во Албанија. Разгледницата, која е авторско дело на Никола Ѓурѓај, инаку претседател на македонското друштво „Илинден“ од Тирана, содржи слики на лица облечени во народни носи од Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и од Врник.

Печатена е со финансиската помош на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП), со седиште во Торонто, Канада.

– Меѓу Македонците во Торонто, Канада, најдовме искрени соработници и борци за македонското дело. Без нивната финансиска поддршка, разгледницата со народни носи на Македонците во Албанија немаше да биде отпечатена, за што искрено се заблагодаруваме. Сакаме да веруваме дека примерот на ММДЧП ќе биде следен од други македонски организации од целиот свет. Финансиска помош ни дава можност и сила и во иднина достоинствено да ја продолжиме праведната борба за македонската национална кауза. Разгледницата со народни носии на македонско малцинство во Албанија, ќе се дели низ Албанија, но ќе се дистрибуира и кај дијаспората во светот – вели за „Мета“, Никола Ѓурѓај.