fbpx

Првата дама Ѓоргиевска на средби за промоција и развој на женското претприемништво

-

Првата дама, Елизабета Ѓоргиевска во Скопје и Тетово оствари средби со жени претприемачки кои го негуваат и пренесуваат културното наследство преку изработка на уникатни ракотворби на традиционални македонски и албански народни носии, соопштија денеска од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија.

Фото: Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија

Посетата на жени претприемачки е во организација на Центарот за управување со промени, по повод Денот на културното наследство и се реализира во рамки на проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“, а е дел од поддршката на сопругата на претседателот во промоција и развој на женското претприемништво во нашата земја.

Фото: Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија

Во рамки на посетата, Ѓоргиевска ја посети антикварницата на Катерина Трајковска Стоименова во Старата скопска чаршија, дуќанот за традиционална албанска носија на Белка Мустафа во Горна чаршија во Тетово, а оствари средба и со колекционерката на традиционална албанска носија Зејна Халими, којашто презентираше албански носии од Кичево и регионот на Река.

Фото: Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија

Целта на посетата е да се промовира вредната работа на вештите жени кои успеваат да ги задржат и оживеат заборавените традиционални вештини и успеваат на модерен начин, преку креативни ремек дела на бои, ткаенини и везови, да го сочуваат културното богатство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...