fbpx
Таг: доделување

таг: доделување

Премиерот Заев заедно со Ципрас денеска ја примија Меѓународната награда за мир на Вестфалија

„Ако Договорот од Вестфалија од 1648 година беше пресвртница, бидејќи со него започна развивањето на капацитетите на Европа да живее со верските различности, Договорот за Преспа е пресвртница за нашиот регион“, истакна македонскиот премиер Зоран Заев на церемонијата на доделувањето на Меѓународната награда за мир на Вестфалија, која денеска му беше врачена нему и на поранешниот грчки премиер Алексис...

Доделени договорите од третата група инфраструктурни проекти со пренамена на парите од ТАВ

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак, на свечен настан кој се одржа во Клубот на органите на државната управа, ги доделија договорите од третата група на проекти за реализација на инфраструктурни проекти во општините и на двата аеродроми во Скопје...

Тетово: Зголемен е бројот на читатели, најдобрите за 2019 добија награди (инфографик)

Книги, признанија и ваучери со кои ќе имаат бесплатен пристап до тетовската библиотека во понеделникот им беа доделени на најдобриот 21 читател во Тетово за 2019 година. Добитниците на наградите беа поделени во неколку категории, со цел ниту една посебна возраст и категорија да не остане без награда, пишува „Порталб.мк“. Директорот на тетовската библиотека „Кочо Рацин“, Њомза Имери се надева...

ФООМ ги додели наградите од конкурсите „Моето образование“ и „Успешни наставници“

Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) денеска ги врачи наградите на најдобрите средношколци и наставници наградени во конкурсите „Моето образование“ и „Успешни наставници за добри наставни пракси“. На церемонијата зборуваа Фани Каранфилова - Пановска, извршна директорка на ФООМ, како и Петар Атанасов, заменик министер за образование и наука. -Oбразованието е една од клучните области кои Фондацијата ги поддржува. Во своето 26-годишно...

СДСМ: Иванов да не брои до десет, Македонија има потреба од нова влада

Ѓорге Иванов нема потреба да чека десет дена, туку е неопходно конечно да постапи во согласност со Уставот и час поскоро да го додели мандатот за составување нова влада, на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, побара утринава СДСМ. Партијата потсетува дека процедурата е завршена и се чека само претседателот на Република Македонија да го додели мандатот. „Веќе не постојат никави пречки...

Иванов ќе ја продлабочи политичката криза, сметаат од Хелсиншки комитет

Oдлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да не го довери мандатот на кандидатот на партиите што имаат мнозинство во Собранието, претставува директно кршење на Уставот и е пречекорување на неговите уставни овластувања, а спротивно на волјата на граѓаните, се вели во реакцијата на Хелсиншки комитет. Според нив, оваа одлука истовремено е директно негирање на волјата на мнозинството граѓани за формирање мнозинска...

Светската награда за хуманизам за 2017 година денеска ќе му биде доделена на Јиржи Свобода

Меѓународното жири на Охридската академија на хуманизмот, вечерва, во Куќата на Уранија во Охрид, ќе му ја додели Светската награда за хуманизам за 2017 година, на чешкиот режисер Јиржи Свобода. Според најавите, на свеченоста предвидено е обраќање на претседателот на Охридската академија на хуманизмот, Јордан Плевнеш, амбасадорот на Чешка во Македонија, Мирослав Рамеш и на градоначалнкот на Охрид, Никола Бакарачевски, кој...

Утре ќе се додели државната награда „Мито Хаџи-Василев Јасмин“

Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи-Василев Јасмин“ утре (21 декември) ќе ја додели истоимената награда за остварување во областа на публицистиката и на новинарството од интерес на Македонија, во Свечената сала на Собранието во 12 часот. Добитници на наградата се Аљуш Камбери во областа на публицистиката и Тони Димков за остварување во областа на новинарството.

Денеска во Собранието ќе биде доделена државната награда „Св. Климент Охридски“

Денеска напладне во Собранието на Република Македонија ќе биде доделена државната награда „Свети Климент Охридски“ за 2016 година. Наградата е највисоко признание за долгогодишни остварувања и придонес во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и на унапредувањето на човековата околина и социјалната дејност од јавен интерес. Наградата, во областа на воспитанието и образованието, годинава ќе му биде доделена...

Познати добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, утре, во 12 часот, ќе го додели признанието за 2016 година, во свечената сала на Собранието. Наградата e највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Македонија. Државната награда „Св. Климент Охридски“ за остварување во...

Вечерва е доделувањето на филмските награди „Златен глобус 2016“

Ноќеска во Лос Анџелес ќе се одржи 73. доделување на филмските награди „Златен глобус“, на кои годинава домаќин ќе биде британскиот комичар Рики Џервејс. Престижните филмски награди „Златен глобус“ ги доделува холивудското здружение на странски новинари. Главен фаворит на годинешното доделување на наградите е лезбејската романса „Керол“, која е номирана во вкупно пет категории, меѓу кои за најдобра драма, најдобра главна...

Претседателот Иванов ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски“

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2015-2016 година. Стипендиите им се доделуваат на 20 најдобри студенти за постдипломски студии на Програмата за бизнис-администрација - МБА на Сити колеџот во Солун, Факултет за меѓународни студии при Универзитетот „Шефилд“ од Велика Британија. Стипендиите се обезбедени од Минстерството за образование и наука и од Универзитетот „Шефилд“.

Писателот Маџунков е добитник на државната награда „11 Октомври“

Aкадемикот и писател Митко Маџунков е добитник на државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и на уметноста. За животно дело во областа на науката и на образованието, наградата им се доделува на професор Никола Јанкуловски, дигестивен хирург, на професор Махмуд Хиса, професор по албански јазик, и на професор Марјан Димитријевски, историчар и научен работник. Наградата на добитниците...

Премолчан скандалот со статуетката „Бона Деа“ на затворањето на „Браќа Манаки“

Полупразна сала, бројни награди и долги говори го одбележаа синоќешното свечено затворање на 36. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“ во Битола. Наградата „Златна камера 300“ главното жири на фестивалот одлучи да му ја додели на Маќаш Ердели, кинематографот на филмот „Синот на Саул“, нова приказна за ужасите на холокаустот. „Сребрената камера 300“ отиде во рацете...

Претседателот Иванов ќе го додели признанието „Повелба на Република Македонија“

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска ќе го додели признанието „Повелба на Република Македонија“ на пет македонски организации од дијаспората во Република Франција, Кралството Шведска, Австралија и во Канада. Како што соопштуваат од кабинетот на претседателот, признанието ќе биде доделено на: Француско-македонската асоцијација „Блаже Конески“ од Мант ла Жоли, во Република Франција; Културното и спортско друштво „Песпа - Бирлик“ од...

Доделено 500. решение за „Купи куќа, купи стан“

Семејството Димовски од Скопје го добија 500. решение од проектот „Купи куќа, купи стан“. Министерот за финансии, Зоран Ставрески, им го додели решението на Димовски и напомена дека досега одобрени се 524 барања. - По долги години под кирија, со проектот „Купи куќа, купи стан“ успеавме да дојдеме до сопствен стан. Ратата ќе ни биде приближно колку што плаќавме кирија и...

Орденот на општина Штип ќе му биде доделен на премиерот Груевски

Општина Штип денеска официјално ја соопшти одлуката орденот „Свети Никола“ да му биде доделен на премиерот Никола Груевски. Орденот на Груевски ќе му биде врачен на свечена седница, која под повод патрониот празник на градот ќе се одржи в петок. Од воведувањето на Свети Никола за патронен празник на градот пред неколку години, орденот што го носи името на светителот се доделува на...

Денеска ќе се додели првиот бесплатен геодетски елаборат

Министрите за транпсорт и врски и за труд и социјална политика, Миле Јанакиески и Диме Спасов, и директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Трпески, денеска во населбата Горно Лисиче ќе го доделат првиот бесплатен геодетски елаборат. Бесплатниот геодетски елаборат е наменет за легализација на бесправно изградени објекти на социјално ранливите категории граѓани.    

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...