Доделени договорите од третата група инфраструктурни проекти со пренамена на парите од ТАВ

-

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак, на свечен настан кој се одржа во Клубот на органите на државната управа, ги доделија договорите од третата група на проекти за реализација на инфраструктурни проекти во општините и на двата аеродроми во Скопје и Охрид.

Вицепремиерот Битиќи, зборувајќи на настанот, рече дека во третата и последна група на договори се содржани 35 инфраструктурни проекти во 32 општини, како и проект за подобрување на условите на терминалите на двата аеродроми со кои оперира ТАВ, во вкупна вредност од 22,3 милиони евра.

Тој потсети дека преку трипартитната соработка помеѓу Владата, ТАВ и општините, во рамките на оваа програма, ќе се реализираат вкупно 94 инфраструктурни проекти, во вкупна вредност од 49,7 милиони евра, кои во наредниот период ќе се реализираат во целата земја.

„Како никогаш досега, во исто време, во целата земја, во сите плански региони, во скоро сите општини, ќе започнат да се реализираат 94 проекти кои се директно насочени кон потребите на граѓаните. Тоа се реални проекти, за секојдневни, реални потреби за граѓаните. Во целата земја, ќе се спроведуваат инфраструктурни проекти, за да нашите населени места бидат подобро поврзани, за секој еден да има квалитетно и континуирано водоснабдување, ќе го зголемиме квалитетот на комуналните услуги и ќе обезбедиме повисоко ниво на заштита на животната средина, ќе се работи и на училишни згради, болници, домови на култура, младински центри, домови за стари лица, спортски сали и игралишта, партерно уредување на градските и општинските средини, уредување на речни корита, со една реченица: граѓаните ќе добијат поквалитетен живот во местата во кои живеат“, нагласи Битиќи.

Осврнувајќи се на третата група на договори, кои беа доделени на настанот, Битиќи посочи дека дека најбројни се проектите од комуналната инфраструктура, вкупно 14, по што следуваат 10 проекти за улици и патишта, 7 проекти се однесуваат за водоснабдување, два проекти за реновирање на домови и еден основен проект за изградба на мост.

Генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак, потсети дека средствата од оваа програма, во вкупна вредност од 49,7 милиони евра, се добиени со пренамена на средствата претходно планирани за изградбата на карго-аеродромот во Штип.

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по...