Денеска ќе се додели првиот бесплатен геодетски елаборат

Бесплатниот геодетски елаборат е наменет за легализација на бесправно изградени објекти на социјално ранливите категории

Министрите за транпсорт и врски и за труд и социјална политика, Миле Јанакиески и Диме Спасов, и директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Трпески, денеска во населбата Горно Лисиче ќе го доделат првиот бесплатен геодетски елаборат.

Бесплатниот геодетски елаборат е наменет за легализација на бесправно изградени објекти на социјално ранливите категории граѓани.