fbpx

Догодина бесплатен WiFi на државна сметка на јавни површини низ земјава

-

Од наредната година бесплатен WiFi интернет ќе биде обезбеден со државни средства на отворени јавни површини, одлучи Владата на Република Северна Македонија на денешната седница. На владината седница беше разгледана и усвоена Информацијата за обезбедување бесплатен државен WiFi на отворени јавни површини.

За реализација на оваа програма, Владата утврди препорака за Јавното претпријатие Национална радиодифузија – Скопје, како носител на реализацијата на проектот обезбедување на бесплатен државен WiFi на отворени јавни површини на локации од интерес за туристи, до крајот на 2021 година во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и локалните самоуправи да подготви и достави предлог Листа на локации за обезбедување бесплатен државен WiFi за цела територија на државата, за добивање согласност од Владата.

До крајот на април 2022 година, во соработка со МИОА, Националната канцеларија за бродбенд компетентност и Агенцијата за електронски комуникации, ќе се одржат јавни состаноци со заинтересираните оператори и локалните самоуправи за реализацијата на обезбедувањето бесплатен безжичен WiFi на одобрените локации од интерес за туристите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...