fbpx
Таг: авторски договори

таг: авторски договори

ДЗР: За хонорарци во 2021 година Општина Кисела Вода потрошила над 300.000 евра

Општина Кисела Вода во 2021 година преку приватна агенција за вработување ангажирала лица на кои им исплатила над 300.000 евра (над 18 милиони денари) за вршење редовни работни задачи, од кои дел, спротивно на законот, траеле и повеќе од две години, констатира Државниот завод за ревизија (ДЗР). Ревизорите во својот извештај го опфаќаат периодот и кога градоначалник на Кисела Вода...

Пет милиони евра се одлеале од институциите за склучување авторски договори во последниве 4 години

Генералниот секретаријат на Владата исплатил најмалку 2,4 милиони евра, од 2017 година, до крајот на 2021 година за авторски договори. Парите им се исплатувале на лица за да присуствуваат на владини седници и да креираат записници, да учествуваат на состаноци, да креираат содржини за веб-страницата или да даваат редовни консултации. Антикорупциската комисија смета дека е прекршен законот, односно за...

Ревизорите бараат од МИА систематизирани работни места со утврдени задачи и контрола на авторските договори

Државниот завод за ревизија (ДЗР) во објавениот Ревизорски извештај изразува мислење со резерва во однос на вистинитото и објективно прикажување на финансиските извештаи на Македонската информативна агенција (МИА) за 2018 година и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики. Ревизорите констатирале слабости во воспоставениот систем на внатрешни контроли кај благајничкото работење и процесот на...

Граѓанските организации бараат дефинирање за кои авторски договори ќе се плаќа ДДВ

Центарот за економски анализи (ЦЕА), заедно со уште 12 други граѓански и невладини организации, сметаат дека оданочувањето на физичките лица со данок на додадена вредност (ДДВ) во постојната рамка е проблематично од неколку аспекти. „Законот за ДДВ, ниту кој било друг закон, не дефинира што претставува самостојна стопанска дејност на физички лица. Авторските договори не може да подлежат на ДДВ,...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...