Странски експерти ќе го надгледуваат Охридското Езеро

Во текот на овој месец претставници од УНЕСКО ќе го разгледуваат извештајот за статусот и за преземените чекори по утврдената потенцијална опасност за природните и за културните добра на Охридскиот Регион.

Претходно, домашни експерти вршеа надзор на состојбата со нивото и со загадувањето на Охридското Езеро.

Се стравува дека можно е Охридскиот Регион да се најде на листата на светско наследство во опасност на УНЕСКО.

Како причина се наведуваат плановите за изградба ски-центар на Галичица, патот над Пештани, железничкиот коридор 8 и изградбата на хотел во заштитениот зелен појас во населбата Лагадин.