Сообраќајот се одвива непречено, магла на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на повисоките планински места во западните и југозападните делови од државата има остатоци од кашест снег на коловозот, кој не претставува пречка за одвивање на сообраќајот, информираат од АМСМ.

Снег со слаб интензитет провејува на Маврово и на планинскиот превој Стража, во Гостивар врнежите се од дожд и снег.

Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 60 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, до 50 метри на патниот правец Делчево кон границата со Бугарија и до 100 метри во Крушево.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.