Следните две години ќе бидат добри за проширување на ЕУ, смета Хан

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан изјавил дека следните две години ќе бидат добри за проширување, пренесува австрискиот весник „Виенер цајтунг“.

– Европската комисија во следните години гледа нови шанси за приближување на Западен Балкан кон ЕУ – изјавил Хан, додавајќи дека ентузијазмот може да донесе и вознемирувања и дека земјите треба да се посветат на понатамошните реформи.

Еврокомесарот вели дека шансите на Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово се подобри отколку пред година и пол, но истакнува дека балканските земји не треба само да чекаат бидејќи во процесот на приближување кон ЕУ треба да се даде придонес со спроведување на реформите.

Сепак, Хан повторува дека Брисел нема е одлучено кои земји први ќе влезат во ЕУ и оти во мај следната година, во Софија би можело да се одржи голема конференција на темата проширување на ЕУ со Западен Балкан.

– Потребни се неколку години за да се надминат скептичните мислења за проширувањето на ЕУ кои што доминираат кај дел од западните земји, изјавил Хан.