Сенатот на Шпанија ја укина автономијата на Каталонија

Кратко откако попладнево парламентот на Каталонија прогласи независност, Сенатот на Шпанија изгласа овластувања за шпанската влада да преземе директна контрола врз сепаратистичкиот регион, односно ја укина автономијата и им ги одзеде овластувањата на сепаратистичките водачи на Каталонија.

С0 214 гласа „за“ и 47 „против“, Сенатот за Шпанија се повика на членот 155 од Уставот на Шпанија и му даде вонредни овластувања на премиерот Маријано Рахој да постапува во однос на сепаратистичките постапки на регионалната власт на Каталонија.

„Владеењето на правото ќе ја врати легалноста во Каталонија“, напиша Рахој на „Твитер“.