fbpx

Ковачевски: Инвестициите во зелената транзиција се клучни за енергетска стабилност и независност

-

Република Северна Македонија како земја од Западен Балкан која е насочена кон просперитет и развој, интензивно работи на обезбедување на енергетска стабилност и независност за што има донесено мерки и модели на краток, но и на подолг рок, но и нова Стратегија за инвестиции во зелена енергија. Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски денеска во Белград на панел дискусија за можностите за инвестиции во обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан. на која учествуваат инвеститори од Норвешка.

Премиерот Ковачевски посочи дека Северна Македонија е фокусирана на обезбедување на енергетска стабилност во услови на светска енергетска криза, за што има краткорочен план кој досега успешно се спроведува со активирање на сите капацитети за домашно производство на струја. Но, земјата има и долгорочен план за декарбонизација и насочување кон она што го имаме во изобилство, производство на струја од ветер, сонце и вода, посочи Ковачевски.

„Република Северна Македонија е првата земја во регионот на Западен Балкан која усвои Стратегија за развој на енергетскиот сектор во 2019 година, заснована на столбовите на Зелениот договор на ЕУ. Ние сме првата земја која спроведува проект за замена на стара термоцентрала на јаглен во Осломеј, Кичево, на место каде што веќе градиме 120 MW соларна централа на местото на поранешниот рудник за лигнит. Ова е конкретен чекор кон енергетската транзиција на Северна Македонија и покажува силна волја за декарбонизација на нашиот енергетски сектор“, рече премиерот Ковачевски.

Целта на Конференцијата е да ја зајакне соработката во можностите за развој на капацитети за обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан кои треба да обезбедат енергетска независност. Регионалната конференција за можностите за инвестирање во обновливи извори на енергија во Западен Балкан е во организација на Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград и Сараево и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. во соработка со Нордиската стопанска алијанса.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...