fbpx

Пендаровски од Самитот на НАТО: Вистинско време да покажеме поголема солидарност и сплотеност во Алијансата

-

Претседателот Стево Пендаровски, кој ја предводи делегацијата на Република Северна Македонија на Самитот на НАТО во Мадрид, порача дека овој самит претставува уникатна можност за сите сојузници да ја покажат силата и сплотеноста во однос на нашите тековни и идни задачи.

„Овој самит е посебен и според една друга специфика. Никогаш во историјата на Алијансата од 1949 година не бил организиран самит во исто време додека се води војна на европскиот континент. Можете да замислите дека војната во Украина, односно руската инвазија врз Украина ја диктира агендата на самитот, па така до крајот на овој ден, треба да го усвоиме новиот Стратегиски концепт кој во целост беше синхронизиран вчера од сите сојузници и, се разбира, би требало да го одобриме Меморандумот за разбирање договорен вчера и да ги поканиме двете нови земји да ѝ се приклучат на Алијансата што е можно поскоро откако сите протоколарни процедури се одобрени од сите сојузници. Мислам дека ова е вистинско време да покажеме дека постои зголемена солидарност и сплотеност во рамките на Алијансата и дека во целост ќе го поддржиме украинскиот народ во одбраната на нивната територија, слобода, во суштина борејќи се за демократските вредности и слободата за сите нас“, изјави претседателот Пендаровски пред официјалниот почеток на самитот.

На самитот во Мадрид ќе бидат адресирани актуелните безбедносни предизвици и се очекува да биде усвоен новиот Стратегиски концепт на НАТО Алијансата.

На свечениот пречек шефовите на делегациите беа поздравени од страна на домаќинот, премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез и Генералниот секретар на НАТО Алијансата, Јенс Столтенберг.

Денеска и утре, претседателот Пендаровски ќе учествува на трите состаноци на Северноатлантскиот совет, што се одржуваат на ниво на шефови на држави и Влади.

Во состав на државната делегација се министерката за одбрана Славјанка Петровска и шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...