Се заканувала зашто внукот ѝ го преместиле во друго одделение


       
Штип, 27 јануари, 2017 - 15:31 (META) 

Откако дознала дека наставничкиот совет во училиштето решил нејзиниот внук да го премести од едно во друго одделение, 51-годишна штипјанка се јавувала во училиштето и се заканувала на раководството, соопшти СВР Штип.

За заканите упатени во вторникот, беровската полиција поднела кривична пријава против Д.Б., која ја товари за загрозување на сигурноста.