Претежно сончево и топло време

Во Македонија денеска ќе преовладува претежно сончево и топло време, со појава на локална облачност. Попладне во северозападните предели на земјава ќе има услови за слаби и локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен и североисточен ветер кој ќе достигнува брзина  до 20 км/ч, вели Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринските температури ќе се движат од 10 до 21 Целзиусови степени, додека максималните дневни температури ќе бидат помеѓу 26 и 36 Целзиусови степени.

УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и топло со појава на локална облачност и со слаб ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура достигна 20 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе се искачи до 33 степени.

До сабота ќе се задржи претежно стабилно и топло време.Дневната температура ќе биде во постепен пораст, но ќе се задржи во рамките на просекот за овој период од годината. Најтопло ќе биде в сабота, со максимална температура до 38 Целзиусови степени на југоистокот од земјава.

В недела кон крајот на денот ќе има локален пороен дожд со грмежи, а в понеделник се очекува облачно време со пообилни врнежи од дожд, засилен северен ветер и значително опаѓање на дневната температура.