fbpx

Откриени најстрашните методи на испитување на ЦИА

-

Програмата за „засилено испитување“ на ЦИА нанесувала физичка болка, ја нарушила репутацијата на САД и збогатила двајца психолози, пишува „Њујорк дејли њуз“.

Извештајот на Сенатот за тајната антитерористичка програма, кој беше објавен вчера, наведува дека ЦИА ангажирала двајца психолози да помагаат во испитувањето на притворените, базирано на нивните теории за „научена беспомошност“.
Двајцата психолози во 2005 година формирале компанија која работела само за ЦИА и која за своите услуги добила 180 милиони долари.

Психолозите, кои помагале при испитувањето, се идентификувани под псевдонимоите Грејсон Свигерт и Хамон Данбар, но станува збор за д-р Џон Џеси и д-р Џејмс Мичел, кои ја раководат компанијата „Спокејн вош“.

Психолозите, првично, добивале по 1.000 долари на ден за своите услуги, а подоцна потпишале договор од „180 милиони долари“, се наведува во извештајот на Сенатот. Во 2009 година договорот е раскинат, но психолозите заработиле 81 милион долари. Потоа добиле повеќегодишен договор, откако се дозна за постоењето на програмата.

„Двајцата психолози претходно работеле за воздухопловните сили, но не биле специјалисти за тероризам, ниту, пак, имале релевантно културно или лингвистичко искуство“, се наведува во извештајот.

Според теоријата на „научена беспомошност“, притворените би можеле да станат пасивни и депресивни кога ќе се соочат со неконтролирани настани, а тоа може да придонесе за зголемена соработка со испитувачите и за откривање детали.
Извештајот на Сенатот наведува серија нехумани методи на испитување на затворениците.

Во одредени случи, испитувачите користеле метод на ректално хранење и хидрирање, процес во кој на затворениците насилно во анусот им се ставало храна и други нутриенти, како во случајот со затвореникот Маџид Кан. Во документот се наведува дека „аналната храна“ се состоела од хумус, тестенини со сос, ореви и пасирани јадења, кои анално му биле давани.

Во одредени случаи, како на пример во Кобалт, затворениците биле удирани во пределот на лицето и стомакот, биле лишени од сон, а главниот истражувач, без медицинска причина, наредил ректално хидрирање на затворениците.
Сенатот открива дека на затворениците им било соопштено дека никогаш нема да бидат ослободени и оти нивните семејства ќе бидат силувани и убиени.

„Еден од испитувачите му соопштил на затвореникот дека никогаш нема да излезе жив од притворот на ЦИА и оти ‘светот никогаш не смее да дознае што ти направив’“, стои во извештајот.

Испитувачите, исто така, ги држеле затворениците делумно голи, заврзани за бетонски под. Еден од затворените починал како последица на хипотермија, а никој во ЦИА не сносел одговорност за случајот.

Сенатот открива дека имало случаи, како на пример со Аби Хазим, кога затвореникот бил задушуван со вода, сè додека не помодрел. По постигнувањето на ефектот на давање, била остранувана крпата од главата на Хазим, за да земе воздух.

Извештајот наведува дека припадници на ЦИА, кои не биле обучувани за испитување, користеле недозволени техники, како на пример, врзување на затвореникот во рацете нагоре, поставување превез во очите, вперување пиштол в глава и поставување и вклучување бушилка во близина на телото.

Како дел од техниките за „кршење“ на затворениците, било и нивното ставање во ковчези, каде со денови биле држени во изолација, а потоа без престан, со денови, биле испитувани. Испитувачите им дозволувале на затворениците да спијат осум часа откако претходно биле малтретирани без престан цели 48 или 52 часа. Во одредени случаи, испитувачите си играле „руски рулет“ со затворениците.

Во извештајот се заклучува дека нечовечките методи на испитување на ЦИА во најголем дел од случаите не дале резултат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...