На плоштадот Македонија се подготвува пречек на ракометарите на „Вардар“

На плоштадот Македонија се подготвува пречекот на ракометарите на РК „Вардар“, кои таму треба да пристигнат во 13 часот. Сцената, на која ќе се одвива предвидената програма, е поставена во близина на Камени мост.

Ракометарите на „Вардар“, кои ја освоија европската шампионска титула, се очекува да слетаат на аеродромот „Александар Велики“ во 11.15 часот, од каде ќе се упатат кон плоштадот Македонија, преку булеварите Александар Македонски, Гоце Делчев, Крсте Мисирков и Кочо Рацин.

Ракометарите на плоштадот Македонија ќе пристигнат преку Порта „Македонија“.