Летовите од аеродромите во Истанбул и во Анкара се откажани

Сите летови од аеродромите во Истанбул и во Анкара се откажани, а според информациите на медиумите, војската ги зазела контролните кули. Во Турција вечерва дел од војската се обидува да изврши државен удар, за, како што велат, да го заштитат демократскиот поредок на државата и да ги сочуваат човековите права.

Турските војници кои се борат против Исламска држава во Ирак неводно биле повлечени и им била издадена наредба да се вратат во Турција, пренесува „Си-ен-ен“.

Според информациите на светските медиуми, пукотници се слушале и од зградата на претседателската палата во Анкара.

Турската државна телевизија го прекинала емитувањето на програмата, а според информациите на „Си-ен-ен“, воените хеликоптери пукале врз зградата на ТРТ.

Војската марширала на плоштадот Таксим, а според изјавите на очевидците, се слушале и пукотници.