fbpx

Груевски му додели Орден на Република Македонија на Џорџ Буш

-

Премиерот Никола Груевски, синоќа, на гала-вечерата на организацијата „Македонија 2025“, на Џорџ Буш, 43. претседател на Соединетите Американски Држави, му врачи Орден на Република Македонија.

Премиерот Груевски истакна дека поради големиот придонес на поранешниот американски претседател Буш во градењето на пријателските односи помеѓу Македонија и САД, тој го заслужува Орденот на Република Македонија, кој го доделува Претседателот на Република Македонија.

– Претседателе Буш, дозволете ми во име на Владата на Република Македонија, во мое лично и во име на сите македонски граѓани, да Ве поздравам и да Ви се заблагодарам за придонесот што го имавте за стабилноста на нашата земја. Поддршката што ја дадовте за Македонија ја препознаваат и ценат денешните генерации Македонци и истата силно ги зајакна темелите врз кои се градат односите помеѓу нашите држави. Во периодот кога бевте претседател, Република Македонија и САД потпишаа Декларација за стратегиско партнерство. Би сакал да знаете дека признавањето на Македонија под уставното име од САД и личната поддршка што ја дадовте во текот на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година ќе останат врежани во македонската колективна меморија – истакна Груевски.

Премиерот Груевски во оваа пригода ја реафирмираше значајноста на поддршката што САД ја дава на нашата земја.

– САД претставуваат важен стратешки партнер за реализација на приоритетите од надворешната политика на Македонија. Односите на Македонија и на САД се карактеризираат со отворен и со континуиран дијалог, заснован на доверба и на пријателство – истакна Груевски.

Тој ја истакна стратешката ориентација на нашата земја за спроведување реформи за интеграција во ЕУ и во НАТО.

– За нашата цврста определба за интеграција во евроатланските структури, говори и фактот што шест последователни години добиваме препорака од Европската комисија за почнување на пристапните преговори за членство. Исто така, Македонија ги исполни условите за членство во НАТО за што имаме силна поддршка и од нашите американски партнери. Активно партиципираме во мировните мисии и во напорите на меѓународната заедница за воспоставување и за развој на демократските слободи во светот. Нашите континуирани напори за придвижување на земјата кон ЕУ и кон НАТО дава сигурност за странските инвеститори за обезбедување политичка стабилност, квалитет на институциите и за остварување на економски развој – додаде премиерот Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Горан Стефановски фото: Општина центар

УКИМ ќе основа Фондација „Горан Стефановски“

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) соопшти дека денеска донел одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“. Одлуката ја донел Сенатот на УКИМ, во очи роденденот на...