fbpx

Грчкиот суд одлучи да се екстрадира пребеган македонски специјалец од „Диво Насеље“

-

Грчкиот Врховен суд одлучи да се екстрадира македонскиот државјанин Дејан Вуковиќ, поранешен началник на антитерористичка единица на Македонија. Според информациите во Грција, за него има потерница во Македонија откако тој избегал од државата по неговото апсење за поседување бомба и марихуана во септември 2016 година.

За конечната одлука за негова екстрадиција треба да одлучи грчкиот министер за правда, а во исто време се чека и одлуката, дали ќе биде прифатено неговото барање за азил во Грција.

Вуковиќ беше уапсен во Солун во февруари. Апелацискиот суд во Солун одлучи за негова екстрадиција, но Вуковиќ потоа поднесе жалба за одлуката до грчкиот Врховен суд.

Адвокатката на Вуковиќ, Наташа Заралиду, изјави дека, „ако тој биде вратен во Македонија таму ќе биде претставен како криминалец и линчуван и дека планираат и натамошна правна активност по одлуката на Врховниот суд.“

Одбраната тврди дека Вуковиќ  ја предводел специјалната полициска единица во случајот „Диво Насеље“ во Куманово. Таа тврди и дека „за време на владеењето на премиерот Никола Груевски тој важел за херој, но потоа бил прогонуван од албанските сили во Македонија, му бил наместен случај за поседување дрога и бомба и поради тоа избегал во Грција.“

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...