fbpx

ЕВН им ја исклучи струјата на СРЦ „Билјанини извори“ и на ОУ „Григор Прличев “

-

Учениците од двете смени на ОУ „Григор Прличев“ ја следат наставата под принудна дневна шема, само додека трае дневната светлина. Од вчера, училиштето е без електрично напојување бидејќи „ЕВН Македонија“ го исклучи ова училиште од системот за напојување. Причината е неплатен долг. Наставата во претпладневната смена се изведува со скратено време, а попладневната завршува во 16 часот.

Директорката на училиштето, Силвија Мојсоска, вели дека не се работи за голем долг, туку причината за ненамирените сметки за електрична енергија лежи во блокираната сметка на училиштето.
– Повеќе од осум месеци имаме блокирана жиро-сметка, што ни го отежнува работењето и токму затоа не можеме да го платиме долгот кон ЕВН. Минатата седмица добивме опомена за исклучување, но јас веднаш испратив допис до ЕВН, во кој ги замолив да имаат трпение барем дваесетина дена зашто во тек е решавањето на овој проблем со локалната самоуправа, но не наидовме на разбирање – вели Мојсоска.

Од вчера, истата судбина го снајде и ЈПСРЦ „Билјанини извори“. Екипите на ЕВН ја исклучиле електричната енергија од трафостаницата што се наоѓа во близина на спортската сала. Причината е веќе позната – долг поголем од осум милиони денари што го има ова претпријатие кон ЕВН и којшто се таложел низ годините наназад. Локалната самоуправа успеа да издејствува склучување договор со ЕВН за плаќање на долгот во рати, но поради недостиг од финансиски средства, ова претпријатие не ги има целосно намирено сметките, туку само дел од долгот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...