ЕУ отвори пат кон сепаратизам по признавањето на Косово, тврди Путин

Претседателот на Русија, Владимир Путин, ги критикуваше САД бидејќи не го почитуваат својот дел од договорот кога станува збор за меѓународните договори.

Тој додаде дека Москва нема да излегува од таквите спогодби, но вети „инстантен, симетричен одговор“, ако Вашингтон прв го направи тоа.

Говорејќи на форумот за меѓународна политика „Валдаи“ во Сочи, Путин говворел за новата криза со Каталонија и навел дека тенденциите кон сепаратизам почнале кога Европската Унија ја прифатила независноста на Косово.

Тој се осврнал и на судирите меѓу Русија и Украина и навел дека затворањето на границата меѓу двете земји довело до „нова Сребреница“.