Емил Димитрев дава исказ во СЈО за случајот „Талир“

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен технички премиер Емил Димитриев претпладнево во 11 часот пристигна во Специјалното јавно обвинителство каде според информациите треба да даде исказ во врска со случајот „Талир“.

Димитриев во СЈО дојде со адвокатот Никола Додевски кој ги застапува поголемиот дел од осомничените во случаите што ги води СЈО.

Како што дознаваме, СЈО доставило покани до сите 11 осомничени во „Талир“ да дојдат на распит. Првоосомничен во случајот е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски.

Случајот „Талир“ се однесува на истрага за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.