Експлозија во Истанбул, тројца повредени

Во експлозија која денеска се случила во азискиот дел на Истанбул, три лица се повредени.

До несреќата дошло кога експлодирал пакет што курир ѝ го испорачал на електронска компанија во делот на градот наречен Малтеп, кој е познат како комерцијален и станбен дел на градот.

Во изминатите недели Турција е во состојба на зголемени мерки на претпазливост поради бројните напади и закани на припадниците на Исламска држава, Курдите и на левичарските милитантни групи.