Експлозија во фабрика за оружје во Азербејџан

Силна експлозија одекна во фабрика за оружје во Азербејџан, потврди државното министерство за одбрана.

Засега нема официјална потврда за загинати и за повредени, но локалните медиуми, според првични неофицијални информации, јавуваат за најмалку една жртва и за 19 повредени, од кои некои се во критична состојба.

Азербејџанските медиуми јавуваат дека по првата експлозија, регистрирани се уште неколку, а пожарот се шири низ фабриката.

На местото на несреќата се наоѓаат бројни противпожарни единици, а полицијата повела истрага за можната причина за експлозијата.

https://www.youtube.com/watch?v=V8GzXuH3dQQ