fbpx

ЕДС: Продажбата почна пред неколку месеци, ВМРО-ДПМНЕ кажува невистини

-

Групацијата ЕДС на вицепремиерот Кочо Анѓушев, која е пред целосно преземање од грчкото Електростопанство, реагираше на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, на која партијата праша дали има врска меѓу изјавите на Анѓушев за варијантите.

„ВМРО ДПМНЕ со неодговорното искажување невистини нанесува штета на угледот и честа на ЕДС и затоа го повикуваме истите или да ги поткрепи со докази и факти или да понуди јавно извинување кон ЕДС. ЕДС ќе направи сè да го зачува брендот и угледот што го изгради како регионално силна компанија, посебно кога станува збор за изјави на економски неискусни и економски неписмени политичари“, се вели во реакцијата.

ЕДС порачува и дека економски субјект и порача политичарите да се воздржат од политички изјави за не.

„Секоја приватна фирма во процес на продажба има право да преговара со заинтересирани купувачи. Грчката ППЦ со ЕДС најде интерес за ширење на своето портфолио, а ЕДС зад себе ќе има голема интегрирана енергетска компанија со сопствено производство на електрична енергија, со што ќе се зголеми конкурентноста на пазарот и ќе се обезбедат уште подобри услови за своите клиенти.Постапката е сериозна и е водена од релевантни меѓународни ревизорски куќи“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...