Две лица повредени при напад на џамија во Истанбул

Најмалку две лица се повредени при напад во џамијата „Хасан-паша“ во северниот дел на Истанбул, јавуваат светските медиуми.

Нападот се случил кога голем број верници се собирале поради вечерната молитва.

Ова е втор напад во Истанбул, откако претходно за време на дочекот на Нова година, во терористички напад во популарен ноќен клуб беа убиени 39 лица, а ранети се 69.