ДОМ: Граѓаните да не подлегнуваат на манипулации

ДОМ изрази длабока загриженост за настаните во Куманово и им дава недвосмислена поддршка на институциите да си ја извршат својата професионална обврска и да се справат брзо и ефикасно со безбедносните закани.

Партијата апелира до сите граѓани да не подлегнуваат на манипулации кои водат до меѓуетничка нетрпеливост и до судири.

„Бескрајно жалиме за жртвите на овие насилни дејства. Ова е многу опасна ситуација, независно кој стои зад престрелките и сите треба да придонесеме да се спречи понатамошна ескалација“, велат од ДОМ.