Денеска сончево, попладне можен дожд на југот на земјата

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност, а попладне во јужните делови од земјава ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

УВ-индексот ќе биде 9. Температурата ќе се движи од 31 Целзиусов степен на западот, до 40 степени во Повардарието и на крајниот југоисток на земјава. Во Скопје живата во термометрите ќе се искачи најмногу до 39 Целзиусови степени.

До петок ќе се задржи претежно сончево и многу топло време. В сабота, во текот на денот ќе има зголемување на облачноста и ќе дува засилен југозападен ветер, но дневната температура сè уште ќе биде висока. Преку ноќта кон недела се очекуваат врнежи од дожд проследени со ретки грмежи. В недела ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали.