Денеска претежно облачно, со врнежи од дожд и снег

Времето ќе биде претежно облачно претпладнево, посебно во посеверните делови, со локални врнежи претежно од снег и на пониските места, а кон југоисток врнежите ќе се од дожд. Попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Температурата преку денот ќе биде во интервал од 2 до 7 Целзиусови степени.

Во Скопје претежно облачно, со услови за краткотраен дожд кој повремено ќе преминува во провејување на снег, а попладне врнежите ќе престануваат. Температурата ќе достигне до 4 Целзиусови степени.

Утре поради благо затоплување, врнежите во пониските места ќе бидат од дожд, а најмалку ќе се појавуваат во централните делови. Нови бран од врнежи ќе започне од утре преку ноќта од запад, а в недела врнежите ќе преминуваат кон исток и ќе се од снег и на пониските места. На места врнежите ќе бидат пообилни, особено на запад и север.