Брод со 700 мигранти испрати СОС сигнал кај Крф

Патнички брод со 700 мигранти испрати СОС-сигнал во близина на грчкиот острав Крф поради сомнение дека на него се наоѓаат вооружени лица, јави грчката телевизија.

Според грчкото министерство за поморски транспорт, постои сомнение дека на бродот кој плови под знамето на Молдавија, се наоѓаат илегални мигранти.

Италијанската крајбрежна стража веднаш ги известила грчките служби.

Два хеликоптера полетале од Крф и би требало наскоро да дојдат до подрачјето во кое е бродот.

Други детали, како и за состојата во која се наоѓаат патниците не се познати.