Британскиот парламент ѝ даде зелено светло на Меј да ја почне процедурата за Брексит

Британскиот парламанет го усвои законот за Брексит и ѝ даде зелено светло на премиерката Тереза Меј да го активира членот 50 од Лисабонскиот договор и да ја почне процедурата за излегување на Велика Британија од Европската Унија, јавува „Би-би-си“.

Меј, која беше именувана за премиер на Велика Британија кратко по референдумот на кој Британците гласаа за излегување на земјата од ЕУ, во јуни минатата година, се соочуваше со обиди од страна на парламентот да се дадат дополнителни услови на преговорите за напуштање на ЕУ.

Сепак, по Долниот дом на британскиот парламент и Домот на лордовите синоќа дал зелено светло за законот за активирање на процедурата за излегување на Британија од Унијата.

Со ова владата на Меј сега има одврзани раце да ја почне процедурата пред крајот на март, што претходно како термин го одреди самата премиерка.