Беса: Не отстапуваме од барањата до СДСМ и од нашите принципи

Фатон Фазлиу од Движењето Беса по средбата на Билал Касами со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, рече дека се уште нема договор помеѓу партиите. Фазлиу рече дека Беса нема да отстапи од барањата кои што ги имаат доставено до СДСМ, како услов за влегување во новата влада.

На новинарско прашање дали има некакво доближување во преговорите, Фазлиу рече дека Беса нема да отстапи од своите принципи и нема да прави компромиси.

Тој додаде дека принципите на Беса се добро познати на јавноста и дека ќе разговараат и во наредните два дена, по што ќе се знае дали Беса влегува во владата.