Бејли: САД се разочарани, Иванов повторно да ја разгледа одлуката

Американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, го повика претседателот на државата, Ѓорге Иванов, повторно да ја разгледа својата одлука, а соседите на Македонија да се воздржат од мешање и да покажат конструктивност.

– САД вчера беа разочарани кога дознаа дека претседателот Иванов одби да му го даде мандатот на претставникот на јасното политичко мнозинство и да му даде можност да формира влада. Сметаме дека ова не е конзистентно со основните демократски принципи и со владеењето на правото, кои се клучни вредности на НАТО. Како стратешки партнери на Македонија и како пријатели, со цела почит кон суверенитетот и кон унитарноста на Македонија, го повикуваме Иванов повторно да ја разгледа одлуката. Ги повикуваме соседите на Македонија да покажат воздржаност и да бидат конструктивни во овој момент на висока политичка сензитвност – рече Бејли.