fbpx
Таг: конструктивност

таг: конструктивност

Заев му посака среќа на Мицкоски и му порача заедно да мислат за Македонија

Можам само да му посакам среќа на новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и заедно сите да му ја мислиме за Република Македонија, изјави премиерот Зоран Заев прашан како го оценува изборот на Христијан Мицкоски за претседател на најголемата опозициска партија. Тој истакна дека стабилни политички партии како ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ значат стабилност за Македонија. - Завршувањето на конгресот на нашиот политички опонент...

СДСМ: Новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ да покаже одговорност и конструктивност

Од владејачката СДСМ и порачуваат на ВМРО-ДПМНЕ дека по конгресот и изборот на нов претседател на партијата, граѓаните и целата домашна јавност очекуваат новото раководство на опозициската партија да ги напушти досегашните политики на поделби, деструкции, лажни вести, блокади и сеење омраза и да даде конструктивен придонес во спроведувањето на зацртаните реформи. „ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже одговорност пред граѓаните и...

Димовски: Нема да бидеме лицемерни како СДСМ, ќе гласаме за трите социјални закони

Координаторот на една од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, денеска на прес-конференција во Собранието ги обвини пратениците на СДСМ за лицемерност и за глумење конструктивност бидејќи на вчерашната седница на Комисијата за финансирање и буџет гласале против законот за издавање ваучери на студентите за набавка на компјутери, што го предложи опозициската партија. Димовски додаде дека имало најави дека СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со игнорантскиот однос во Собранието сака да спроведе самоволие

СДСМ нема што повеќе да зборува за конструктивност на опозицијата бидејќи со нивниот игнорантски однос, неконструктивност и самобендисаност, единствено што сакаат да спроведуваат во Собранието е самоволие, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ во соопштението на СДСМ. „ВМРО-ДПМНЕ за сето ова време, додека е опозиција, покажа максимална вклученост и иницијативност и даде до знаење дека сака да работи за подобро...

Со 10-те пратенички групи, ВМРО-ДПМНЕ ја заврши „конструктивноста и попустливоста“

„Kонструктивноста што некои ја нарекуваа попустливост во нашето дејствување, завршува денеска“, порача минатата недела лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по 17-те обвиненија што ги поднесе Специјалното јавно обвинителство против него и други високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Денеска пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија формираа десет пратенички групи и почнаа со блокада на работата на парламентот. Секој координатор има право,...

Груевски: СЈО нема да нè скрши, историјата ќе суди

ВМРО-ДПМНЕ е нападната како никогаш досега во историјата, а целта е кршење на партијата и ставање под контрола за поголеми цели од страна на тој што го креираше овој процес, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на прес-конференцијата по повод обвиненијата што денеска ги поднесе Специјалното јавно обвинителство. - Се работи за политички, а не за правен процес. СЈО остана инструмент...

Бејли: САД се разочарани, Иванов повторно да ја разгледа одлуката

Американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, го повика претседателот на државата, Ѓорге Иванов, повторно да ја разгледа својата одлука, а соседите на Македонија да се воздржат од мешање и да покажат конструктивност. - САД вчера беа разочарани кога дознаа дека претседателот Иванов одби да му го даде мандатот на претставникот на јасното политичко мнозинство и да му даде можност да...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...