fbpx

Заев се сретна со амбасадорот Џес Бејли

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со Радмила Шекеринска и со Оливер Спасовски, денеска се сретна со амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли.

Како што соопштуваат од СДСМ, на средбата се разговарало за ситуација во државата со кршењето на основните човекови права, за предизвиците за функционалност на државниот систем во услови на поклопеност од страна на власта и за нарушениот демократски амбиент во земјата.

– За жал, тие процеси се веќе подолг период сериозно нарушени и СДСМ, како најголема опозициска партија, има одговорност да ги врати уништените демократски вредности, поради кои луѓето ја напуштаат земјата, а Македонија назадува во евроатлантските перспективи – рекол Заев.

Раководството на СДСМ соопштило и дека прислушувањето и упадот во судството се мал дел од доказите за тоа како Груевски и неколку луѓе околу него, со своите незаконски и криминални активности, го погазиле уставниот поредок, со единствена цел – да воспостават контрола врз сè во државата и на тој начин да го обезбедат своето владеење.

– Тоа се сериозни докази што СДСМ има морална и законска обврска да ги сподели со јавноста, со крајна цел – нормализација на Македонија – му рекол Заев на Бејли.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...