Извор: Влада на РСМ

Во периодот од 29 март до 4 април седум инспекциски служби направиле 5.236 контроли, соопшти денеска претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска.

Инспекторите од Државениот здравствен и санитарен инспекторат во посочениот период извршил 93 надзори, за што изречени 17 решенија. Дополнително издадени се 13.957 решенија за изолација и домашно лекување на лица кои биле заболени од ковид-19 или биле во контакт со заболено лице.

Државниот пазарен инспекторат пак, регистрирал 3.938 контроли и 564 надзори поврзани со почитувањето на протоколите за почитување на работата на угостителски објекти.

Во врска со случувањата на терен односно случаите со организирање свадби и прослави, директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски истакна дека и по една година од пандемијата, инспекторите се соочуваат со угостителски објекти кои не ги почитуваат мерките.

„Одредени објекти не ги почитуваат мерките и буквално целата угостителска дејност ги трпи последиците. Ова го сметаме за „водење инат“ кон граѓаните но и кон инспекторите. Со таквите немаме милост и мораме да постапуваме согласно Законот. Од Нова година наваму имаме затворено над 78 објекти токму за непочитување на протоколите“ изјави Пауновски.

Тој исто така информираше дека угостителите можат да вршат достава на храна и пијалоци и за време на полициски час.

Меѓу другото, пазарните инспектори изрекле 34 прекршочни пријави, а донесени се 91 решенија за констатирани неправилнсоти и 43 прекршочни платни налози.

Од вкупниот број на донесени решенија од пазарните инспектори 8 решенија се донесени поради непочитување на Законот за заштита од заразни болести и тоа по два угостителски објекти во Скопје и Битола, и по еден објект во Гостивар, Куманово, Тетово, Струга, каде не се почитувало работното време или бројот на гости.

„Во сите овие објекти изречена е мерка забрана за вршење на дејност и дополнително изречени им се прекршочни платни налози“ рече Ф.Грашкоска.

Државниот инспекторат за транспорт пак, спровел 30 надзори. Во врска со протоколот за меѓународен превоз на патници не се констатирани неправилности.

Трудовите инспектори од Државниот инспекторат за труд спровеле 341 надзор во различни правни субјекти и донесени се 16 решенија од кои 9 се поради непочитување на протколот за превентивни мерки за сите работни места. Воедно изречени се 5 платни налози за неносење заштитна маска.

Агенцијата за лекови и медицински помагала „МАЛМЕД“ изврши 12 надзори и притоа не се констатирани прекршувања и отстапување на протоколите. Додека пак, Агенцијата за храна и ветеринарство извршила 12 надзори. Инспекторите од оваа агенција издале 8 решенија, 15 едукации, 2 прекршочни платни налози.

Државниот инспекторат за животна средина во текот на минатата недела извршил 39 надзори, при што за констатираните неправилости изречени се две решенија во врска со управување со отпад.