Времето променливо облачно, температурата до 10 степени

Во Македонија претпладне времето ќе биде сончево со мала облачност, а околу пладне и попладне облачноста ќе се зголемува па ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен долж Повардарието.

Температурата ќе се движи од -1 до 10 Целзиусови степени.

Во Скопје променливо облачно време со температура од -2 до 7 Целзиусови степени.

И утре ќе дува умерен до засилен северен ветер, а ќе има и локални врнежи од снег. Од сабота следува период на претежно сончево време со пораст на дневната температура.